Станбен управител за уреден и чист влез!
Ние се грижиме вашиот влез да функционира во беспрекорна техничка состојба, соодветно осветлен, чист и дезинфициран, уреден согласно законските прописи, а притоа со целосна транспарентност во секоја фаза од управувањето.
Склучувањето договор
за управување со нас е едноставно!
СН Сервис целосно ја превзема грижата за станбениот влез, каде мрежа од професионалци, во координација и со одобрение на станарите, работи на одржување и константно унапредување на состојбата на станбената заедница и објкет.
За потребите на нашите станари сме достапни 24/7 на посебен телефонски број.
Дел од обврските кои како станбен управител ги превземаме се:
- подготовка на план за одржување на станбената зграда со динамика за спроведување, како и спроведување на истиот;
- подготовка на пресметка на трошоци на управување на станбената зграда и распоредување на трошоците меѓу сопствениците на посебните делови;
- примање уплати од сопствениците на посебните делови врз основа на месечна пресметка и подмирување на обврските од договорите склучени со трети лица;
- обезбедување наплата од сите сопственици на посебни делови;
- информирање сопствениците на посебните делови за својата работа и доставување месечни и годишни пресметки;
- изготвување годишен извештај за управување со објектот;
- извршување на одлуките на сопствениците на посебните делови;
- стопанисување со резервниот фонд;
- техничко одржување на заедничките делови;