Станбен управител

  • подготовка на план за одржување на станбената зграда со динамика за спроведување и спроведување на истиот;
  • подготовка на пресметка на трошоци на управување на станбената зграда и распоредување на трошоците меѓу сопствениците на посебните делови;
  • примање уплати од сопствениците на посебните делови врз основа на месечна пресметка и подмирување на обврските од договорите склучени со трети лица;
  • обезбедување наплата од сите сопственици на посебни делови;
  • информирање сопствениците на посебните делови за својата работа и доставување месечни и годишни пресметки;
  • изготвување годишен извештај за управување со објектот;
  • извршување на одлуките на сопствениците на посебните делови;
  • стопанисување со резервниот фонд;
  • техничко одржување на заедничките делови;